Од Србија лани се извезени 2.145 тони мед во вредност од 9.1 милиони долари, покажуваат податоците од српската Стопанска комора.
Медот завршил на пазарите во Италија, Германија, Црна Гора, Австрија и Норвешка.
Македонија има одлични услови за развој на пчеларството кои мора максимално да ги користи и да го зголемува извозот на мед.
Освен мед, има услови за развој на билки со чие запрашување приносите се зголемуваат од 60 до 100%. Се што е потребно е подобрување на едуцираноста на пчеларите, зголемување на пчелните семејства, брендирање на македонскиот мед и обезбедување сигурен пласман. Со оглед на тоа дека побарувачката за мед во земјите од Западна Европа е огромна, се очекува дека и во Македонија, инвестициите во пчеларството ќе растат, со што и производството на мед ќе биде зголемено.
Во Македонија постојат над 8.000 пчелари со над 260.000 пчелни семејства. Годинава, според сознанијата на Пчеларската федерација, просекот на добиен мед е многу слаб, со само 1,8 килограм презимено пчелно семејство и 7,3 килограми од селидбено пчеларење.