Меган Фокс бујна и раскошна во проѕирен фустан | ФОТО

Иако неодамна призна дека се бори со телесна дисморфија, односно дека не го сака своето тело, на црвениот тепих не изгледаше така. Меган Фокс покажа бујно деколте под проѕирен црн фустан.

Меган позираше во проѕирен фустан кој во преден план го откриваше нејзиното се побујно деколте. Свилениот дел од црната креација и ги прекри само нозете, додека горниот дел раскажа своја приказна, а многумина мислат дека Меган повторно ги зголемила градите.

Актерката Меган Фокс воодушеви со своето појавување на забавата на магазинот „Спортс илустрејтед“ (Sports Illustrated) во Њујорк, а пристигна во придружба на раперот Машин Ган Кели.

Иако двојката наводно ја раскинала свршувачката на почетокот на годината, и се шушкаше дека Кели ја изневерувал актерката со гитаристка од неговиот бенд, тие на црвениот тепих пристигнале насмеани и прегрнати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *