МВР: Измени во процедурата за издавање на меѓународна возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека на секој возач кој поседува возачка дозвола, на негово барање му се издава и меѓународна возачка дозвола.

Како што соопшти МВР, согласно член 315, став еден и шест од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (Сл.Весник на РМ бр.169/15), што почнуваат да се применуваат од задутре (30.06), на возачот на кој му е изречена прекршочна санкција – забрана за управување со моторно возило за одреден период – не може да му биде издадена меѓународна возачка дозвола додека му трае изречената забрана.

Согласно Правилникот објавен во Сл. Весник на РМ бр.80/16 во прилог кон барањето за издавање меѓународна возачка дозвола се приложува и потврда издадена од МВР и СВР (Оддел за управни работи) дека против возачот не е изречена прекршочна санкција, односно забрана за управување на моторно возило. Потврдата се издава веднаш по поднесеното барање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *