Мајка од Делчево бара правда за загинатиот син

За смрт во сообраќајка Струмичкиот суд пресудил 6 месеци затвор. Толкава казна му е изречена на тамошен таксист кај кого е утврдена вина за случена сообраќајна несреќа во која жртва е Дарко Ромевски од делчевското село Вирче.

Казнта од само половина година затвор , за мајката на Дарко која засекогаш останала без своето дете е срамно ниска и таа смета дека правдата за нејзиниот син не е задоволена, а државата и го ускратила и правото на жалба:

„Обвинетиот за сообраќајката во која загина мојот син е осуден на само 6 месеци. Ние немавме право на жалба. Право на жалба имаше обвинителот, а тој не се жалеше зашто не е негово дете“, се жали Тања Ромевска, мајка на починатиот Дарко.

Дополниотелно, на душата на мајката и тежи и фактот што и по една и пол година од фаталната несреќа во која загинал Дарко, возачот на таксиот и понатаму е на слобода:

„И по толку време, тој е на слобода, си вози такси, се шета, а мојот син гние во земјата“, вели мајката на починатиот Дарко.

Што и како понатаму мајката не знае. Синот го изгубила, а правдата, тврди не ја добила. И останала само болката и црнината која ќе ја носи цел живот.

Фаталната несреќа која оваа жена од Вирче ја оставила без дете и надеж, се случила на 28 јули 2017 година на патот Струмица – Ново Село. Струмичанецот го возел своето такси возило, а Дарко трактор кој , според судскиот записник, не бил соодветно обележан и осветлен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *