Машката екипа на КК Баскет Кам извојува значајна победа против КК Лирија во Скопје

Како дел од третото коло на Втората кошаркарска лига на Македонија – мажи, екипата на

КК Баскет Кам од Македонска Каменица извојува значајна и убедлива победа на гости во Скопје, против екипата на КК Лирија.

 

Во текот на целиот натпревар кој заврши со 64:77, КК Баскет Кам држеше високо ниво на дисциплина во одбраната, додека играта во напад се темелеше на сигурни додавања со ефективни завршници.

Најпрецизен во екипата на КК Баскет Кам беше Александар Тодоровски со 22 поени, додека Дарко Гоцевски нанижа 16, Борјан Панов 15 и Роберт Стојанов 13 поени.

Следното четврто коло КК Баскет Кам го игра на домашен терен против екипата на КК Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *