Малолетничка од Кочани и две жени од Виница пријавени за исчезнати

Во текот на вчерашниот ден за исчезнати биле пријавени една малолетничка од Кочани, како и две жени од Виница.

К.Н. од Кочани пријавила дека на 29. јуни во 1 часот, од домот во непознат правец се оддалечила нејзината 16-годишна ќерка.

Во полициската станица во Виница, А.И. пријавил дека на 28. јуни во 1 часот, од домот во непознат правец се оддалечила неговата сопруга С.И, додека во полициската станица исто така било пријавено дека вчера со неговото возило во непознат правец се оддалечила неговата соруга Ј.Д.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *