Малолетник од Кочани фатен во кражба го нападнал полицаецот со секира

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 15-годишно лице од Кочани за сторено кривично дело ,напад на службено лице при вршење работа на безбедноста, а заедно со В.М.(20), Ф.Ј.(30) и 14-годишно лице од Скопје, за сторено кривично дело тешка кражба.

Пријавените со употреба на тврд предмет извршиле тешка кражба во магацин на ГТД „Бетон“-Кочани, каде биле затекнати од страна на полициски службеници на полициската станица-Кочани, при што 15- годишниот малолетник од Кочани со секира замавнал кон полицискиот службеник, го удрил и соборил на земјата нанесувајќи му телесна повреда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *