„Макпрогрес“ почна да користи соларна енергија во процесот на производство

Најголемиот производител на кондиторски производи, винички Макпрогрес, почна да користи соларна енергија во процесот на производство. На покривот од фабриката , веќе е инсталирана фотоволтаична централа со моќност од 270 KW, која создава дел од неопходната енергија за работа во погоните.

На овој начин, фабриката инвестираше во поекономично производство и заштеда на енергија, но и во заштита на животната средина:

„… Македонија како земја е зависна од увоз на електрична енергија. Истовремено многу малку создава  енергија од обновливи извори, од сонце, вода и ветер, која на краток рок можеби е поскапа, но долгорочниот ефект врз животната средина е непроценлив. Македонското сонце преку првите македонски соларни панели, за првпат се користи за производство на македонски производи, кои се извезуваат низ целиот свет. Со оваа инвестиција „Макпрогрес“ Виница придонесува кон зголемено искористувањето на обновливите извори на енергија во Република Македонија, давајќи добар пример и за останатите компании во нашата држава” изјави Глигор Цветанов – извршен директор на „Макпрогрес“ – Виница.

Макпрогрес Виница за следната година планира да користи околу 30% од вкупната годишна потрошувачка на електрична енергија во компанијата произведена од сонце.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *