Македонци вмешани во криминал од 3.6 милијарди евра во Бугарија

Бугарската Влада во шок. Дозна дека запленетите биткоини во анти-корупциска операција, во моментов можат да отплатат една петина од целокупниот долг на државата. Имено, бугарската полиција во координација со Југоисточниот европски центар за спроведување на законот, во мај годинава спроведе операција во која заплени 213.519 биткоини, чија тогашна вредност изнесувала околу 500 милиони долари. Но, благодарение на вртоглавиот раст на вредноста на криптовалутата, сега тежат околу 3,6 милијарди долари.
Во деталната анализа на „Зироухеџ“, се објаснува дека во Бугарија, при операцијата биле претресени повеќе од 100 адреси, осомничени и автомобили, при што биле приведени 23 лица, а биле запленети опрема, средства за комуникација, комјутери, таблети и банкарски документи. Од приведените, петмина биле бугарски цариници, по што истрагата тргнала во таа насока и била откриена цела организирана регионална мрежа. Имено, се работи за бугарски државјани кои имале врски во Македонија, Грција, Романија и Србија.
Според полицијата, тие регрутирале корумпирани царински службеници во сите овие земји, кои потоа, организирано, вметнале вирус во царинскиот компјутерски систем. Откако вирусот бил инсталиран, групата разменувала информации за пратки, по што во системот изгледало како тие веќе да се проверени и одобрени за влез во земјите. Го одбрале биткоинот за да ги заштедат но и инвестираат украдените пари затоа што оваа криптовалута е исклучително тешка за следење.
Инаку неделава, вредноста на еден биткоин достигна неверојатни 18.000 долари, додека во Јануари вредеше 1.000 долари. Комбинираната вредност на биткоините во циркулација веќе ја надминува економијата на земји како Португалија и Катар.
Во моментов, останува мистерија што бугарската Влада планира да направи со запленетите биткоини.
Aндреј Василевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *