Македонски државјанин вработен во Швајцарска пошта крадел накит и мобилни од пакети

Македонски државјанин бил осуден на условна затворска казна оти крадел накит и мобилни телефон од пакети во поштата во Фрауенфелд, Швајцарија каде што бил вработен. Ова е втор случај годинава македонски државјанин вработен во швајцарската пошта да биде осуден за кражба, откако 24 Инфо информираше за нашинец кој украл над 120.000 франци, вадејќи пари од писмата во кои Швајцарците испраќале пари за учество во лотарија во Австралија.

Во последниот случај станува збор за 27 годишен државјанин на Македонија, кој со сопругата живее во Швајцарија од 2012 година. Според обвинението, поштарот отворил околу 300 пакети во текот на летото 2016 година, крадејќи накит, часовници и мобилни телефони. Обвинетиот, кој признал дека сторил прекршок, бил прогласен за виновен за комерцијална кражба, загрозување на безбедноста на поштата и за перење пари. Поради тоа Окружниот суд во Фраунфелд го осуди на условна затворска казна од 16 месеци која ќе стане активна ако во наредните две години направи друго кривично дело.

Тој ќе мора да плати 7.000 франци отштета на поштата, 4.300 франци за правните трошоци и 8.500 франци на адвокатот.

Од истрагата било утврдено дека обвинетиот во летото 2016 годин урл најмалку 52 предмети од пакетите, а истите ги продал за сума од 24.000 франци. Пет мобилни телефони му испратил на татко му во Македонија. Со парите платил долгови,  како операција на неговата мајка.

Откако бил откриен, тој поминал еден месец во притвор, а Поштата веднаш го отпушти.

Условна казна доби и другиот македонски државјанин, чија казна од условен затвор од десет месеци беше потврдена пред два месеци.

Крадецот работел во поштата во Цирих од 2001 година, а во Швајцарија живеел над 30 години. Обвинетиот бил задолжен за поштата во делот International Business Reply Service (IBRS) каде имало писма во кои Швајцарците уплаќале пари за улество во понеделничката лотарија во Австралија. Во пратките имало суми од 10 до 100 швајцарски франци. Крадецот ги изнесувал писмата од просторијата каде се мереле пратките и ги носел во неговата канцеларија каде ги вадел парите.

Канцеларијата на сојузниот обвинител претпоставува дека парите ги криел во облеката и чевлите за да ги изнесе од поштата. Македонецот бил обвинет за кражба на вкупно 4.060 писма во периодот од јули 2015 до март 2016 година кога бил уапсен. Обвинителството проценило дека крадецот украл 122.500 франци, но можеле д бидат докажани со видео снимки само кражбите на 22.500 франци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *