Македонските фудбалери со прогрес од две места на најновата ФИФА ранг листа

Македонските фудбалери со прогрес од две места на најновата ФИФА ранг листа

Македонската фудбалска репрезентација бележи скок од две места на ФИФА ранг-листата објавена денеска и сега е на 69. место.

Прогресот на „црвено-жолтите“ се должи на победата над Летонија во Рига и нерешениот резултат со Израел во септемвриските дуели од квалификациите за ЕУРО 2020.

Од противниците на Македонија во квалификациите за ЕП, на септемвриското рангирање на ФИФА, најдобро котира Полска – на 22. место, Австрија е 27-ма, Словенија се наоѓа на 58.позиција, Израел е 86-ти, додека Летонија е 139-та.

Противникот на Македонија во плеј-офот од Лигата на нации, репрезентацијата на Косово е на 119. место..

На врвот и натаму е Белгија пред Франција и Бразил. Во Топ 10 се уште репрезентациите на Англија, Португалија, Уругвај, Шпанија, Хрватска, Колумбија и Аргентина.

Извор: denar.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *