Општина Македонска Каменица ќе додели 18 стипендии. Ова е списокот на учениците и студентите кои ќе бидат стипендирани

Врз основа на Правилникот и Конкурсот за доделување на стипендии за ученици во основно и средно образование и на студенти запишани на државни универзитети, Комисија во состав од пет члена донесе Одлука за доделување на вкупно 18 стипендии.

Со право на користење на стипендија за период од десет месеци се стекнуваат следниве ученици и студенти:

-за основно образование:

Анастасија Аврамовска, Александра Ристовска, Столе Јовановски, Лазар Стојановски, Дарко Атанасовски и Лина Стојчевска

-за средно образование:

Климентина Соколовска, Стефан Васовски, Мартин Ѓорѓиевски, Ангела Ристовска, Симона Мицоска, Елена Ангеловска, Ана Михаиловска и Викторија Стаменковска.

-за високо образование:

Дејвид Николовски, Афродита Ангеловска, Ирена Тачовска и Бранкица Васевска.

Износот кој ќе го добијат стипендираните ученици и студенти изнесува 3.000 денари месечно, а со истите ќе бидат склучени Договори со кои ќе се регулираат правата и обврските од користењето на стипендијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *