Македонска Каменица: Црковниот клир при Светиот храм “Успение на Пресвета Богородица” организатор на хуманитарна акција за социјално најранливите категории сограѓани

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, црковниот клир при храмот ,, Успение на Пресвета Богородица” од М. Каменица, организира хуманитарна акција- Донирање на стара облека и обувки, кои ќе бидат наменети за граѓани од општината и од нејзината околина, кои ѝм припаѓаат на социјално ранливите категоријии на граѓани.
Се замолуваат сите граѓани кои се заинтересирани да помогнат, облеката што ќе ја донираат да биде исперена и да биде во состојба да може да се користи (да не биде скината).
Да бидеме хумани и со нашата скромна помош да се обидеме да внесеме барем малку радост во животот на луѓето кои страдаат!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *