Македонска Каменица – Лауреат на Гала вечерта од Светскиот конгрес на претприемаштво 2019

Македонска Каменица, 18.10.2019 година – Општина Македонска Каменица е прогласена за најдобра општина за создавање на добар амбиент за развој на проетприемаштвото во Средна и Југоисточна Европа според “Глобал Локал”. Наградата беше доделена во рамките на официјалната програма на Светскиот конгрес на претприемачи што се одржа во Скопје под покровителство на Владата на РСМ. Со ова се потврдуваат постојаните напори на општина Македонска Каменица, на чело со градоначалничката Соња Стаменкова, за поттикнување на развојот на претприемаштвото, преку организирање на Форуми со бизнис заедницата во регионот и пошироко.

На Гала вечерта на Глобал Локал која вчера се одржа во Скопје, престижната награда и признанието за креирање на добар амбиент за развој на претприемаштвото во Средна и Југоисточна Европа, во категоријата за Најдобра локална заедница во 2019 година ја прими градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова.

Проектот за промоција и наградување на најдобрите заедници и институции за креирање на добар амбиент за развој на претприемништво во Средна и Југоисточна Европа “Глобал Локал”, има за цел да ја подигне свеста за локалниот економски развој. Во оценката за тоа која општина ќе биде избрана се гледаа резултатите од успешно одржување на развојот на општината, развојот на претприемништвото, што е пак основа за развој на заедницата.

За “Глобал Локал” од исклучително значење е развојот на претприемништвото за севкупен економски и општествен развој.

а

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *