Македонска Каменица има 50 активни позитивни случаи на Ковид 19

Македонска Каменица, 11.11.2020 година – Според последните објавени податоци на официјалната веб страна од Институтот за јавно здравје (www.iph.mk), во дневните извештаи и неделниот извештај за периодот од 02-08.11.2020 година, општина Македонска Каменица има 50 активни позитивни случаи на Ковид 19 и 35 лица кои ја прележале болеста. Исто така и бројот на лица во изолација е значително зголемен, но точната бројка како податок во моментов, ја немаме.

Во денешните известувања на дел од медиумите беше пренесена вест за 86 моментално заболени лица од Ковид 19. Станува збор за грешка во информирањето, односно бројка на вкупен број заразени лица од почетокот на пандемијата со Ковид 19 до денес.

Од вкупно 50 активни позитивни случаи, 24 се регистрирани во последните 7 дена. Додека 36 од нив се регистрирани во последните две седмици.

Ова сепак покажува дека ширењето на заразата со коронавирусот во општина Македонска Каменица не стивнува и бележи раст од 23,1%.

На последниот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спречување на ширењето на Ковид 19, беа донесени низа дополнителни мерки и беа упатени апели до населението за совесно и одговорно однесување кон личното и јавното здравје во заедницата.

Од последните мерки на Влада на РСМ како најважни ги издвојуваме: Угостителските објекти работат до 21:00 часот, забрана за групирање на повеќе од 4 лица на затворен и отворен простор во текот на целиот ден, забрана за користење на сите отворени забавни детски паркови и повеќенаменски и помошни спортски игралишта во Македонска Каменица, задолжително носење на маска на отворено. Како и препораките за редовно миење на раце, одржување на минимум растојание од 2 метри и постојано користење на медицинска заштитна маска.

ЧУВАЈТЕ ГО СВОЕТО И ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ!
ОД НАС ЗАВИСИ!

Извор на податоци: Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија
Линк: www.iph.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *