Македонска Каменица: Граѓаните вклучени во креирањето на општинскиот буџет

Општина Македонска Каменица воведува нова пракса во однос на креирањето на општинскиот буџет и политиките на одредување приоритетни проекти кои произлегуваат од реалните потреби на граѓаните. Преку директно вклучување на граѓаните во доносењето на одлуките во локалната самоуправа, граѓаните во иднина добиваат простор на непосреден начин да ги изложат своите идеи и сугестии во креирањето на буџетот на Општината.


Во таа насока на официјалната интернет страна на општина Македонска Каменица, www.makedonskakamenica.gov.mk е креиран прашалник преку која со вашите одговори можете директно да го изразите своето лично мислење за предложените приоритетни проекти од наредната 2018 година. Прашањата се селектирани во девет групи според својата природа и намена, а кон истите можете да пристапите од тука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *