Македонска Каменица викендов ќе биде домаќин на вториот турнир од мини-лигата на Металург

Овој викенд се игра вториот турнир во Лигата на Академијата Металург, најсилното детско ракометно натпреварување во Македонија, низ  кое во изминатите години минаа најголемиот број на сегашни пионерски, кадетски, младински, па и дел од сениорски репрезентативци на нашата земја, во машка и во женска конкуренција.

Оваа сезона децата се натпреваруваат во три старосни категории, во машка и во женска конкуренција: 2002/3, 2004/5 и 2006 и помали.

По првиот турнир, што го организираше Делчево, в недела се игра вториот, во организација на нашата школа во Македонска Каменица. На турнирот ќе учествуваат екипи од нашите школи во Македонска Каменица, Делчево, Виница, Кочани, Кавадарции, Кратово и Берово.

Распоред на турнирот во Македонска Каменица (19 февруари):

10.30  Брегалница Делчево – Дедо Иљо Малешевски  (М 2002/3)

11.10  Тиквеш Кавадарци – Астра Спорт Каменица  (М 2002/3)

11.50  Младинец Кочани – Торо Спорт Виница  (М 2002/3)

12.30  Брегалница Делчево – Кочо Рацин Кратово  (Ж 2002/3)

13.10  Младинец Кочани – Астра Спорт Каменица  (Ж 2002/3)

13.50  Астра Спорт Каменица – Тиквеш Кавадарци   (М 2004/5)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *