Македонка ќе се обиде да избори место во општинскиот Совет на градот Алба, Италија

 

Тамара Ангелова – Македонка во Италија која ќе се обиде да земе место во општинскиот Совет на градот Алба. Како што се вели во објавениот фејсбук статус на групата “Македонци во Италија”, “иако сме далеку од дома, успеавме да создадеме нови генерации кои успешно ќе продолжат да не претставуваат, да ја продолжат нашата лоза. Посеавме корени далеку од дома, се надеваме дека преку ваквото делување и на политички план, ќе успеат да си создадат подобри услови за живот и тука во Италија”.

Алба е град со 30 000 жители, на северот во Италија, каде живеат голем број Македонци. Појавата на политичко делување на нашинците во овој крај е реткост. Се надеваме дека ова ќе биде успешен обид на следните локални избори и поттик за партиципирање во политиката на Македонците во Италија во иднина. Тамара Ангелова е со потекло од кочанско Видовиште.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *