МАКЕДОНИЈА ХРАБРО ЈА СРУШИ ФАВОРИЗИРАНАТА СЛОВЕНИЈА

На дебито на Европското првенство во Хрватска, Македонија на Раул Гонзалез по голема драма ја совлада Словенија со 25-24 (11-11) на дебито на групата Б на Европското првенство во Хрватска.

Дуелот започна со две водства на Словенците и два гола од седум метри на Лазаров за израмнување. Сепак, се разбрани Скок, момците на Вујовиќ постигнаа три гола, а ние останавме 11 минути без гол од игра. Стоилов го „скрши мразот“ со гол за 3-5.

Митревски застана меѓу стативите и по првите негови одбрани, нашиот тим доби на сигурност. Но, во нападот Македонија никако не успеваше да најде ритам, а секој удар Матевж Скок го бранеше (9 одбрани во првиот дел). Лазаров со своите шест гола, единствен парираше и одржуваше неизвесност.

Кога Прибак погоди од неверојатен агол во последната минута од првиот дел се влезе со -1.
Митревски со серија одбрани ни остави можност за реми, а Лазаров додаде до Талески, кој со звукот на сирената погоди за 11-11.

Улогите се сменија на почетокот од вториот дел и двапати Манасков и еднаш Миркуловски погодија за целосен пресврт и наша предност од 14-11. Кога Жарко Пешевски погоди нво 34. минута, веќе нашата предност достигна +4, а нашата серија 6-0.

Словенеците брзо најдоа одговор и Цингесар и Хенигман намалија на 16-15. Но, Цингесар заради три исклучувања заработи црвен картон во 45. минута и ги расипа плановите на Вујовиќ. По серија на технички грешки, Благотиншек во 51. минута ја врати словенечката предност и го принуди Раул на тајм-аут (20-21). Манасков го одржуваше нашиот тим во игра до последните мигови од дуелот. Филип Лазаров го врати македонското водство на неполни четири минути до крајот (25-24). Борко Ристовски беше ангел чувар во финишот и Македонија со многу храброст го доби дуелот со Словенија со 25-24.

Најефикасен поединец во македонскиот табор беше Дејан Манасков со девет гола, а одлично го следеше Кирил Лазаров со осум. Кај Словенците се истакна Млакар со четири гола, а Благотинчек запиша три. Скок на словенечкиот гол собра 13 одбрани, а Митревски возврати со девет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *