Македонија: Седумгодишник го избодел постариот брат заради игра на компјутер

Седумгодишно момче со кујнски нож го прободел постариот 14-годишен брат во грбот, по расправија за игра на компјутер. „Вчера околу 9 часот во Дебар, во домот сопственост на Б.А. на улицата „Ибраим Колари“ во дневната соба настанала расправија помеѓу четиринаесетгодишно и седумгодишно момче–браќа по мајка, поради игра на компјутер. Во расправијата седумгодишникот со кујнски нож го прободел постариот брат од задната страна на грбот, под десната плешка“, соопшти денеска МВР. 

Соседка го однела повреденото момче во Клинички центар Дебар од каде, по укажаната медицинска помош, со возило на итна медицинска помош бил препратен во Клинички центар Скопје на понатамошно лекување.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *