Македонија од денеска на иста маса со земјите членки на НАТО

Претставниците на 29 членки на НАТО денеска во Брисел го потпишаа Протоколот за членство на Македонија во Алијансата, со што нашите претставници седнуваат на заедничка маса со полноправните членки.

-Ова е почеток на ратификацискиот процес и се надевам дека тој ќе продолжи течно и ќе можеме да ве поканиме за полноправна членка на НАТО. Вие ќе продолжите со реформите, а НАТО ќе дава поддршка и  помош. Од денеска вашите претставници ќе се придружат на оваа маса и ќе бидат поканети на НАТО состаноците, рече Столтенберг.

Тој даде и краток осврт на целиот процес на преговорите, при што истакна дека тој е резултат на храброста на премиерите Цирас и Заев.

-Ова беше долг пат. Со ова го исполнуваме ветувањето од првиот парламентарен состав, ова е резултат на целокупната работа на многу генерации и обврска на нашата. Ова не беше ни приближно предвидливо, туку се случи поради лидерството на премиерот Зоран Заев и Алексис Ципрас кои го поплочија патот кон оваа цел и помирување и докажаа дека  и невозможното е можно. Исто така признание и до премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов за охрварувањето со потпишувањето на Спогодата за пријателство за да се движшиме во овој правец, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров во уводниот говор.

Тој објасни дека за Македонија, НАТО е „преминување на линијата на безбеонст и сигурност и тоа е семејство на држави за безбедност, стабилност, вредности од Вашингтонскиот договор и семејство кое тежнее да го направи светот помирен и подобро место за живеење.

-Ова патување не направи позрели и со скорешните настани со нашите соседи покажавме дека можеме да ја презмеме нашата одговорност да се соочиме со проблемот и да го решиме. Патувањето не е завршено, но одиме натаму со 29 сојузници и пријатели, рече Димитров.

Протоколот сега патува за Атина каде според најавите за него Парламентот ќе гласа в петок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *