Македонија има патент кој растерува магла за 15. минути. Истиот 18. години ни стои во фиоки, а Скопје се гуши!

Патентот на тројца македонски иноватори, др. Стефан Стефанов, др. Владо Спиридонов и Чало Чаловски, кој за 10. до 15. минути може целосно да ја растера маглата, веќе 18. години е заборавен низ фиоките на државата. Оваа приказна јавноста ја обиколи на почетокот на годината кога повеќе градови исто како и минативе неколку дена се гушеа во магла и смог.
 
Оваа иновација Министерството за економија ја прогласи во 2000. година за Патент на годината, а работата на тројцата македонски иноватори истата година освои златна медалка ЕУРЕКА во Брисел, за две години подоцна да добие и Гран при во Будимпешта. И покрај овие признанија, растерувачот на магла, кој повеќе пати успешно е тестиран, остана заборавен, иако Скопје и останатите градови, посебно во периодот кога настапи зимата, се гушат во магла и смог.

Еден од иноваторите др. Стефан Стефановски, кој веќе 17. години е во пензија, вели дека добивката од оваа алатка за растерување магла би било и намалување на аерозагадувањето, а тоа значи почист воздух. Нивниот изум е едноставен и не толку скап, а работи на принцип распрскување течен CO2 кој ја менува агрегатната состојба на маглата, односно ја кристализира и спушта на земја.
Оваа алатка може да се постави на возила и со неа да се третираат поголеми, да речеме градски површини, а може да работи и како стационарен уред. При создавање на патентот, тројцата иноватори тој уред го поставија на возило и со него „обработија“ цела десна страна на реката Вардар во Скопје, а маглата беше растерана за десетина минути.
За да би биле целосно сигурни во ефикасноста на својот патент, тие го тестирале во рудникот Суводол, во Рударско-енергетскиот комбинат во Битола, а последен пат во 2002. година на скопскиот аеродром. Резултатите секаде биле исти.Маглата исчезнала во многу краток рок и тоа во радиус од дури 1,5 километри од местото на праскање.
И покрај тоа, државните институции не биле заинтересирани за примена на овој патент, а сега во правец на намалување на загаденоста се преземаат мерки кои не се олку ефикасни, барем не можат веднаш да придонесат за чист воздух. Македонија важи за една од најзагадените земји во Европа, а првото место по загаденост на воздухот деновиве го држи Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *