Македонец фатен со 750кг марихуана

Во полициското соопштение стои дека дрогата била откриена при контрола со скенер на камион марка „Даф“ пред неговото влегување во траектот кој сообраќал на релација Драч-Бари.

Камионот транспортирал свежи краставици, а во кутиите биле и кесите со марихуана. Возилото било натоварено во албанскиот град Лушња од компанија овластена за извоз на зеленук.

Крајната дестинација на дрогата во тежина од 705 клограми била Холандија.

Освен уапсениот Македонец Кирил Ф.(35) полицијата трага по други три лица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *