Македонец помеѓу првите 15 највлијателни луѓе во Данска

27.XI.2017 kamenica.mk
Готвач од Македонија, Рене Реџепи се најде на 11-то место на листата на 100 највлијателни луѓе во Данска на магазинот “Тајм“. По потекло тој е од Македонија, а живее и работи во Данска каде што води успешен ресторан кој на два пати е прогласен за најдобар ресторан во светот.
Рене има 37 години. Неговата мајка е Данка, а татко му Албанец роден во Македонија. Во едно интервју од 2010 година за тв мрежата ABC News за тоа дали данските или македонските корени се “виновни“ за неговиот талент за готвење, тој одгобара: “Македонските, се разбира“.
Реџепи е роден во Данска, а потоа се преселил во Македонија каде што живее се до распаѓањето на Југославија.
Неговиот ресторан “Нома“ во Копенхаген беше прогласен за најдобар ресторан во светот во 2010 и 2011 година. Реџепи е познат по неговата работа за повторно пронаоѓање и префинетост на новата нордиска кујна и храна, која се карактеризира со инвентивност и чисти вкусови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *