Маж си ја удирал главата во ѕид, па со нож се прободел во гради

Шеесет и едногодишен жител на скопското село Трубарево се самоповредил, односно со нож се прободел во пределот на градниот кош. Инцидентот се случил вчера утрото, а на повредениот му помогнала медицинска екипа на Брза помош, од каде што и го пријавиле случајот во полиција.

Од МВР информираат дека таткото на повредениот им раскажал дека неговиот син, видно изнервиран и разочаран, во еден момент почнал со глава да удира во ѕид, по што земал нож и се прободел во градите.

-Од страна на итна медицинска помош Д.А. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“-КАРИЛ каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување, информираат од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *