Магла по котлините, температури од 0 до 8 степени утринава, во текот на денот до 24

Утринава има појава на магла по одделни котлини, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

Во Скопје, претежно сончево со услови за слаба утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 19 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Во среда, особено во јужните делови, а во петок и сабота на повеќе места ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Во петок и за време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер.

Дежурен синоптичар: Дипл.инж.метеоролог Јулијана Фиданоска – Мишкоска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *