Литературен конкурс на тема “Ликот и делото на нашиот херој Миле Јаневски Џингар

Културно-информативниот центар Романса од Македонска Каменица распиша Литературен конкурс за творби на тема “Ликот и делото на нашиот херој Миле Јаневски-Џингар”.

Како што стои во текстот од Соопштението, Литературниот конкурс е наменет за учениците од прва до четврта година во СОУ ”Миле Јаневски-Џингар” – Македонска Каменица
Како и Ликовниот, така и Литературниот конкурс ќе биде награден. За најдобрите творби се предвидени вредносни ваучери од 

  • Прва награда-3000 денари
  • Втора награда-2000 денари
  • Трета награда-1000 денари

Во продолжение текстот со останатите услови за учество во Литературниот конкурс:

Творбите треба да се достават во 3 печатени примероци во шифрирана форма (Посебен плик со податоци на секој од учесниците (авторите) во конкурсот, пликот да биде затворен и на него да се напише шифрата. Творбата и пликот со податоците на учесниците (авторите) да се стави во друг плик на кој ке биде напишана адреса со назнака, За литературен конкурс.

Творбите треба да бидат доставени лично во просториите на Домот на Културата во Македонска Каменица, секој работен ден од 08.00 до 15.00 часот.

Конкурсот ке трае од 11.04.2022 год.до 21.04.2022година. Литературните творби доставени по истекот на наведениот рок во конкурсот нема да се разгледуваат. Бројот на доставени творби не е ограничен.

Прогласувањето на најдобрите творби ќе биде на 28.04.2022 година, во рамки на одбележувањето на патрониот празник на СОУ ”Миле Јаневски-Џингар”.

Сите пристигнати творби остануваат во сопственост на КИЦ Романса – Македонска Каменица.

Со почит,
Културно информативен центар Романса Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *