Литературен конкурс за млади во чест на ликот и делото на Миле Јаневски – Џингар

Македонска Каменица, 05.04.2021 година – По повод 20 годинишнината од загинувањето на нашиот сограѓанин Миле Јаневски – Џингар, Културно информативниот центар „Романса“ и СОУ „Миле Јаневски Џингар“ во соработка со општина Македонска Каменица објавуваат:

ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ЗА МЛАДИ

за литературни творби  ( проза и поезија ) на тема
„Миле Јаневски Џингар – од детство до вечноста“

Право на учество имаат сите жители на општина Македонска Каменица не постари од 30 години.

Најдобрите творби ќе бидат наградени со вредносни ваучери:

  • прва награда – 3000 ден.
  • втора награда – 2000 ден.
  • трета награда – 1000 ден.

Творбите треба да се достават во 3 (три) печатени примероци, во шифрирана форма и тоа: во посебен плик да се стават податоците за авторот и пликот да е затворен и на него да се напише шифрата. Творбата и пликот со податоците за авторот да се стави во друг плик на кој ќе е напишана адресата: со назнака на горниот десен агол – За литературен конкурс.

Творбите треба да се достават до просториите на Домот на култура во Македонска Каменица, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.

Конкурсот трае од 06.04.2021 година заклучно со 19.04. 2021 година. Творбите доставени  по истекот на рокот наведен во конкурсот нема да се разгледуваат. Бројот на доставени творби не е ограничен.

Прогласувањето на најдобрите творби ќе биде на 28.04.2021 година, во рамки на одбележувањето на патрониот празник на СОУ „Миле Јаневски – Џингар“.

Творбите остануваат во сопственост на КИЦ „Романса“ и СОУ „ Миле Јаневски Џингар“, истите можат да се користат за потребите на општина Македонска Каменица.

 

Културно информативен центар
„Романса“ Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *