Лига на шампиони: Каменичанецот Оливер Стоименовски (18) и неговиот Карабах го совладаа големиот Атлетико М.

21.X.2017,Каменица (kamenica.mk)

Каменичанецот Оливер Стоименовски, репрезентативец на македонската младинска репрезентација и неговиот Карабах извојуваа голема победа во младинската Лига на шампиони, откако на гостински терен кај Атлетико Мадрид славеа со минимални 0-1 (0-1).

Оливер Стоименовски (18) годинава настапува во Карабах (Азербејџан), каде пред почетокот на сезоната премина од скопски Работнички. Ова е негов особен личен успех, бидејќи сезонава со својот нов тим одигра редица натпревари во Лига на шампиони.

Азербејџанскиот шампион дојде до голема победа и први три бода во ЛШ, а Стоименовски ги одигра целите 90 минути на натпреварот и беше столб во дефанзивата. Единствениот погодок на мечот беше дело на Деда во 45. минута од мечот.

Вториот македонски репрезентативец Бојан Миовски кој исто така е член на Карабах не беше дел од тимот на гостувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *