Лекар од Токсикологија прободен со нож

10.XI.2017 (kamenica.mk)

Лекар од Клиниката за токсикологија попладнево е прободен со нож, пред влезот на клиника. Неофицијално, напаѓачот го пречекал пред самиот влез на клиниката и му нанел две убодни рани со нож.

Според првичните информации од Министерството за здравство лекарот е во стабилна состојба. Од таму велат дека се во контакт со МВР, се испитува случајот, а полицијата работи на пронаѓање на напаѓачот. Неофицијално, станува збор за лична пресметка поради нерасчистени односи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *