Кривична пријава за лице кое измамило жител на село Моштица

Кривична пријава за сторено кривично дело „измама” против лицето Д.К. (31) од Неготино.

Според надворешната канцеларија за криминалистички работи во Делчево, во период од 19.09.2018 до 26.09.2018 година, со лажно претставување дека е директор кој раководи со проекти за вработување во Република Германија и дека ќе му обезбеди работа, пријавениот довел во заблуда 42 годишно лице од село Моштица, Македонска Каменица и го навел во повеќе наврати на две трансакциски сметки на негово име да уплати парични средства, со што се стекнал со противправан имотна корист од 241.590 денари, околу 4 илјади евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *