Двајца кочанчани и еден жител на Делчево од денес се со кривична пријава од полицијата. Тројцата, во текот на октомври лани, направиле лажни фактури кои ги употребиле во постапка за увоз, хомологација и регистрација на четири автобуси.
По завршување на постапката, 49-годишниот кочанчанец со иницијали Б.Ц. склучил купопордажен договор со Д.П. од Штип за продажба на автобусите, кој ги купил, а не знаел дека документите за нив се лажни. Потоа, штипјанецот документацијата и автобусите ги предал на фирма од Штип.
Тројцата жители на регионот, од денес се со пријава за кривично дело „фалсификување исправа“.
Извор: СтарТВ Штип