Кривична за болничар за примање мито

Кривична за болничар за поткуп за операција

Скопје, 31 мај 2017 (kamenica.mk)

Кривична пријава за поткуп од 300 евра заработил болничар од Градската болница, кој парите ги побарал за ургенција во листата за чекање за оперативен зафат.

Од МВР информираат дека полицијата поднесе кривична пријава против К.С. (64) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.  Пријавениот во својство на болничар, вработен во ГОБ „8-ми Септември“, со намера да се стекне со противправна имотна корист, од пациент директно побарал и примил поткуп во износ од 300 евра. Пријавениот на 25 мај 2017 година од 66-годишен пациент од Прилеп директно побарал 300 евра за да го стави прв на листата за чекање за оперативен зафат, а наредниот ден и ги зел парите со образложение дека истите се награда за лекарот кој требало да го изврши оперативниот зафат. Синот на оштетениот истиот ден го пријавил кривичното дело во Единицата за економски и компјутерски криминал, каде со потврда за привремено одземени предмети, му се одземени шест банкноти во апоени од по 50 евра кои се криминалистичко-техничкки обработени и фотодокументирани по што, врз основа на наредба на Основното јавно обвинителство Скопје и наредба на Основен суд Скопје I-Скопје, превземени се мерки и дејствија за обезбедување на материјални докази.

На 26 мај 2017 година во угостителски објект е остварена средба помегу пријавениот и синот на оштетениот на која пријавениот ги примил парите, по што било извршено негово лишување од слобода.

Извор: МИА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *