Крводарителска акција во Македонска Каменица на 04.12.2020 година

Македонска Каменица, 30.11.2020 година – Во петок, на 04. Декември 2020 година, од 9:30 до 13:30 часот во Домот на култура во Македонска Каменица ќе се одржи крводарителска акција.

Општинската оргснизација на Црвен Крст – Делчево, ги повикува крводарителите и сите заинтересирани граѓани, да се вклучат во акцијата и придонесат за подобро здравје на населението. Воедно, Црвен Крст – Делечво ги поканува и сите ученици кои наполниле 18 години да ја покажат својата хуманост и да датуваат крв.

Во текот на крводарителската акција ќе се применуваат сите протоколи и препораки за заштита од КОВИД 19, а за крводарителите ќе има симболични подароци. Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј ЖИВОТ – стои во соопштението упатено до граѓаните на општина Македонска Каменица од ОО Црвен Крст – Делчево

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *