Кражба во Делчево

Делчево, 25.11.2018 година – Синоќа во 2 часот по полноќ е ограбен маркетот „Клас“ во Делчево. Како што изјавија сопствениците, крадецот кој најверојатно влегол преку мал прозорец во објектот, успеал да украде 35.000 денари од касата. Истиот е забележан од страна на соседи кои живеат во зградата кои велат дека настанот се случил околу 2 часот по полноќ.

-Не разбудија звуци предизвикани од тропање во близина на објектот некаде околу 2 часот по полноќ. Поради тоа што во близина на објектот постои светилка која автоматски се вклучува забележавме дека по кражбата крадецот се упати зад зградата и продолжи во непознат правец Лицето беше слабо, со кратка коса и носеше блуза со капа и зелена долга јакна, велат соседите кои живеат во близина на маркетот.
 
Сопствениците велат дека ова е шеста кражба на нивниот маркет кој се наоѓа на улица „Кеј на Брегалница“ или вкупно 9 кражба ако се земат предвид и трите кражби на нивниот втор објект во населбата Ново Делчево.
 
Настанот е пријавен во полиција од каде повеќе детали околу истрагата најавија за утре.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *