Фејсбук статус на Снеже Велков:
Кој е “посилниот пол”?
Сакам да бидам посилна кога ќе дојде со лоша вест да кажам:Не се секирај јас ќе работам за двајцата.
Сакам да биде посилен и цврсто да ме гушне кога светот ми се руши и да ми каже:Тука сум.
Сакам да бидам посилна и да му климнам со глава во знак на поддршка тогаш кога не сигурно ќе истапи на сцена.
Сакам да биде посилен кога ќе тргнам сама во битка да ми каже:Запамети секогаш ти го чувам грбот.
Сакам да бидам посилна и тогаш кога сите се откажуваат од него да му кажам:Јас верувам во тебе!
Сакам да биде посилен и да ми рече:Ќе помине ❤
Сакам да бидам посилна кога ќе ми кажат лоша вест за здравјето да му кажам:Не се секирај не се предавам јас така лесно
Сакам да биде посилен и да каже дека се ќе биде во ред тогаш кога мислам дека сум лоша мајка.
Сакам да бидам посилна и да му ги избриша солзите кога ќе се расплаче заради загуба на свој близок.
Сакам да биде посилен од инаетот и да ме гушне кога плачам макар колку и да бил тој во право.
Сакам да бидам посилна и да премолчам кавга кога имал лош ден.
Сакам да биде посилен кога ќе ми се збрчкаат дланките да ми каже:Нема да те испуштам никогаш
Сакам да бидам посилна и да му кажам:Потпри се на мене тогаш кога знам дека не може да се движи без бастун.
Сакам силината да си ја мериме во кревкоста…оти тогаш е најтешко да бидеш “посилниот пол”.
#блескај
#сакамштосмеразлични
#мотивација
#инспирација
#бидинајдобратаверзија