Која марка на автомобили најчесто е пребарувана на интернет во Македонија

Ако ги следите автомобилите и автомобилската индустрија знаете дека Toyota е најпродаван автомобилски бренд во светот. Сепак, резултатите од пребарувањата на интернет покажуваат дека јапонската компанија сепак не е најпопуларниот бренд што луѓето го пребаруваат.

Магазинот TopSpeed направи анализа базирана на статистичките податоци за пребарувањето на автомобилите во различните земји.

Во Македонија најмногу пребаруван бренд е BMW, а слична е ситуацијата и во околните земји. Сепак, магазинот заклучува дека овие податоци повеќе покажуваат за што сонуваат жителите иако во пракса купуваат други автомобили.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *