КОШАРКА: МЛАДИТЕ КАМЕНИЧАНКИ ГИ ДЕКЛАСИРАА ВАРДАРКИ СРЕДЕ СКОПЈЕ

Составот на ЖКК Баскет Кам М-18 категорија денес во Скопје против врсничките од ЖКК Вардар славеше победа со високи 29:75. Со ова каменичките млади кошаркарки остануваат неприкосновени лидери на табелата, со максимален број на освоени бодови.

Денес, како и во вчерашниот натпревар против Гостивар од Првата кошаркарска лига на Македонија, најефикасна на теренот беше Стефани Колева со 25 поени.

Тренерот на каменичката екипа, Јордан Цветановски изјави дека е задоволен од резултатот на  денешниот натпревар, кој произлезе од тимската и пожртвувана игра на сите играчи.

– Сите поединци рутинирано и тимски одиграа на високо ниво во текот на целиот натпревар. Задоволен сум како функциониравме во одбраната, високиот процент на реализацијата во нападот. Нашите брзи трансформации на играта допринесоа домаќинот да игра со темпо кое го наметнавме уште на самиот старт од натпреварот.

Следното коло од младинската лига М-18, КК Баскет Кам го игра на домашен терен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *