КОШАРКАРКИТЕ ДО 18 ГОДИНИ ОД КК „БАСКЕТ КАМ“ ВИКЕНДОВ ЌЕ СЕ НАДИГРУВААТ ЗА ТИТУЛАТА – ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА!

Македонска Каменица 24.05.2018 година – Кошаркарките кои оваа сезона (2017/2018) се надигруваат во возрасната категорија до 18 години претстојниот викенд ќе го одиграат завршниот турнир кој ќе го одлучи шампионот.Турнирот ќе го отворат екипите на Баскет Кам од Македонска Каменица и Струга, која е и домаќин – организатор на овој турнир, во рамки на првото полуфинале. Бадел 1862 ја брани титулата во оваа возрасна категорија, а негов противник во рамки на второто полуфинале се јуниорките на Енвер Мифтари во Дресот на Шкупи.

Првиот натпревар ќе се одигра во 13часот и 30 минути, в сабота (26. мај) додека второто полуфинале ќе започне во 16:00 часот. В недела (27. мај) натпреварот за трето место ќе започне во 13:00 часот, а финалето во 15часот и 30минути.

Сите натпревари ќе бидат достапни на LiveStream кои ќе бидат објавени дополнително на kamenica.mk и на насловната страница на вебсајтот на МКФ.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *