Кочанчани на врвот од Руен со поларни услови

Осуммина планинари на ПСД Осогово успешно ја изведоа акцијата за искачување на Руен во зимски услови, како дел од тренинг програмата за високогорски акции.

Дел од акцијата беа и Виктор Симовски и Тошо Антов. Двајцата најискусни кочански планинари зад себе ги имаат некои од највисоките европски врвови, како Мон Блан, Елбрус и Гран Парадисо.

Осум члената екипа ја тестираше својата издржливост, својата опрема и подготвеноста за искачување во тешки услови.

Искачувањето беше пропратено со температура под минус 10 степени, длабок снег, наноси и многу ниска видливост под 30 метри.

Ваквите искачувања се со цел планинарите да се подготват психолошки, физички, но и да ги најдат недостатоците на својата опрема, работи кои се клучни при акциите на високогорските акции.

Со ваквите проверки планинарите знаат дали се подготвени за искачувањата кои летово претстојат на највисоките балкански и европски врвови, акции кои на ПСД Осогово во 2017 му го донесоа признанието најуспешен спортски клуб на Истокот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *