Кочански „Комарец“ пишува за извесен прекин на соработката помеѓу Мите Митев и ФК „Каменица САСА“?

По една и пол сезона успешна соработка, тренерот Мите Митев и ФК „Каменица Саса“ се разделија.

Митев со постигнатите резултати во изминатите осумнаесет месеци остави силен белег во фудбалскиот клуб од Македонска Каменица.

Неговата филозофија за фудбалот од ден на ден почна да покажува резултати. Секогаш со добра анализа на противникот знаеше како да се спротивстави на поголемите екипи. Токму Митев и „Каменица Саса“ се повикуваат како главни „виновници“ што Штипските сини не беа на првото место, бидејќи во двата натпревари што ги одиграа „рударите“ им откинаа 4 бода на штипјани.

До прекинот на првенството поради епидемијата „Каменица Саса“ со освоени 23 бода се најде на 6-тото место на табелата а со десетте бода пред зоната за испаѓање тој со неговите играчи веќе го беше обезбедил опстанокот во Втора Лига – Исток.

Дознаваме дека сега засега Митев ќе направи пауза во фудбалот а како понатака благовремено ќе бидеме известени.

С. Ивановски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *