Кочанка нападната и ограбена во сопствениот дом. Непознато лице на неа и влегло дома синоќа околу 20.00 часот и физички ја нападнал.
Преплашена и без можност да повика помош, жената ги исполнила сите наредби од непознетиот насилник и му дала се вредно што имала кај себе – три златни прстени, мобилен телефон и паричник со 800 денари во неа.
Откако не нашол ништо друго вредно, насилникот си заминал ,а жената повикала полиција. Во моментов се работи на расчистување на случајот.