Кочани со најголем број на разводи во регионот

raz1Кочани прв, а Штип последен на листата на градови во регионот со најмногу разводи. Според Државниот завод за статистика, во првите три месеци од годината во Кочани се регистрирани 13 разводи и 34 склучувања на бракови. Веднаш по Кочани е соседниот град Виница, каде што за истиот период десет парови одлучиле да стават крај на својата брачна заедница.

Штип е последен на листата. Во првото тромесечје од годината само две брачни двојки побарале законски да се разделат. Финансиската состојба и невработеноста се едни од главните причини кои доведуваат до развод, сметаат граѓаните.

Но, не само економската состојба може да биде причина за развод. Официјалните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во првото тромесечје во Чешиново-Облешево имало само еден развод, а во Зрновци, Карбинци, Македонска Каменица и Пробиштип ниту еден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *