Кочани: Свеченост по повод “Денот на Републиката”

Некогаш најголемиот празник во СФРЈ , денот на Републиката кочанските титовисти не го заборавија ниту оваа година:

  • Денес е 29 ноември, Ден на републиката. Еден од најголемите празници на некогашна Југославија, кажа Трајан Трендов, прет. на Здруж. „Јосип Броз Тито“ – Кочани.

АВНОЈ беше почетокот на создавањето на Нова Југославија, држава која обедини пет народи во шест републики и две покраини:

  • Овој празник заслужува внимание и треба да се празнува и денес , зашто без АВНОЈ немаше да го има ниту АСНОМ, кажа Трендафил Атанасовски, прет. на Здруж. на борци – Штип.

Пред распадот, СФРЈ се протегаше на 255.804 км²  и имаше  23 милиони жители. Не добар дел од нив, некогашната држава се уште им недостига:

  • Тоа беше една убава земја, сите живеевме добро, ние постарите и сега копнееме по неа, рекоа анкетирани граѓани на Штип.

Инаку, Второто заседание на АВНОЈ се одржало на 29 и 30 ноември 1943 во град Јајце. На него присуствувале 142-ца делегати. Државата која тогаш тие ја формирале, функционираше 49 години, се до 27 април 1992 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *