Кочани – градот “венчан” со сеир и глупости. Малце им беше чудото “полукружен” тек, па деновиве им го доукрасија со Ној

 

Од Општина Кочани не престануваат да ги изненадуваат жителите у “градо(т)” предизвикувајќи само смеа и “пеза” наместо позитивни критики.

Деновиве на десетотто светско чудо „полукружен тек“ пристигна и ној кој “тоталка” се вклопи во раскошниот кружен парк.

Нојот предизвика интерес кај жителите на градо(т) Кочани и на “тие шо доваѓат у него, да видат убави работи”.

Додека ние го чекаме и првото “селфи” со нојо, некои со потсмев гледаат на поставениот ној, додека други пак веќе го одобруваат и вбројуваат во туристичка атракција, се разбира во отсуство на други.

Во околните Виница, Каменица, Штип  и други урбани средини низ потсмев се раскажува за Кочани – градо(т) “венчан” за глупости.

По поклонетата количка за одбележување на фудбалскиот терен и подареното репарирано противпожарно “Тамче – осмосед” на Општината Чешиново-Облешево, сега поставениот ној ќе биде ново чудо “шо се друго ќе засене” ова лето и ако ништо друго барем ќе има “итаљанците” и “швајцарците” што да видат коа ќе вртат “кружно” на полукружниот тек во градо Кочани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *