Кочанец со лажен е-маил успеал да ограби сограѓанин

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против И.М.(34) од Кочани, за сторени кривични дела „измама при добивање кредит или други погодност“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерскиот систем“.

Во текот на февруари и март 2018 година, пријавениот во име на З.В.(47) од Кочани, без негово знаење и согласност, во четири наврати електронски аплицирал во финансиски друштва за добивање на кеш кредити.

Исто така, пријавениот со лажно креирана Е-маил адреса и мобилен телефонски број на оштетениот, во четири наврати неовластено навлегол во системот за автоматизирани електронски финансиски операции на Банка и без знаење и дозвола на З.В., од неговата платежна картичка подигнал парични средства во износ од 70.800 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *