Коста Петровски прогласен за најдобар играч на Оризарски Куп 2022

Македонска Каменица, 06. Јуни 2022 – Младите надежи на ФК Каменица Саса, односно генерациите 2010 и 2013 година, учествуваа на традиционалниот Оризарски Куп.

 

Со одлично прикажаната игра на натпреварите од Оризарскиот Куп, за најдобар фудбалер на турнирот е прогласен Коста Петровски од ФК Каменица САСА. Честитки за признанието, а исто така, на сите фудбалерчиња на ФК Каменица Саса им посакуваме блескава фудбалска иднина, – стои во соопштението од Каменица САСА

Во конкуренција на 8 екипи нашите надежи од генерацијата 2010 завршија 5-ти а фудбалерчињата од генерација 2013 во мечот за трето место беа подобри од Борец и завршија на високото 3. место.

Дел од екипата на ФК Каменица САСА со освоениот пехар на Оризарски Куп 2022

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *