“Копачката” од делчевско Драмче, одбележа три години под заштита на УНЕСКО

28.XI.2017 kamenica.mk

ФГ „Копачка“ ја прославија  тригодишнината од впишувањето на орото „Копачка“ на репрезентативната листа на УНЕСКО како нематеријално светско културно наследство.

  • Заедничката веселба со граѓаните на Делчево е во знак на поддршка на локалната заедница за оддржливоста на орото „Копачка“ во УНЕСКО, кое преку дефиле и заедничка интеракција со граѓаните ќе се презентира орото „Копачката“ и заедно ќе се игра на отворено, изјави Перса Стојановска, секретар на ФГ „Копачка“.
  • Во оваа прилика, сакам да изразам голема благодарност до членовите на ФГ „Копачка“, посебно за нашиот Димитар Узунски кој ја одржа групата и играорците и пожртвувано ја водеше низ времето. Останува нашата обврска како локална власт да дадеме максимална поддршка ФГ „Копачка“ да продолжи да дејствува и активно да работи и да ја раскажува приказната на „Копачката“ низ светот, рече Маневски, кажа Драган Маневски, претседател на Светот на Општина Делчево“.

„Копачката“ живее нов живот последниве три години, а афирмацијата на групата ,донесе интерес и кај младите играорци да се вклучат во групата со што се испишува иднината на групата и на орото.

  • Големо задоволство е да се биде дел од овој ансанбл и да се продолжат традициите, кажа Васко Симоновски, играорец од М Каменица.
  • Оваа година одбележуваме и 100 години од раѓањето на најголемиот ороводец во Македонија и на „Копачката“ дедо Митко кој даде голем придонес  за афирмација на орото и е еден од ретките ороводци кој 60 години беше ороводец на Копачка, а последен пат ја зигра на неговата 93-годишна возраст . Од тие играорци се учат младите, Димитар Узунски, раководител на ФГ „Копачка“.

Изминатава година Копачката имаше настапи на настапивме на меѓународни фестивали во Србија, Словенија, Бугарија, Словачка, Унгарија, а стартот на наредната ќе биде одбележан со проектот Копачката и соборите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *