Концерт на маестралната Пламенка Трајковска за отворањето на Домот на културата

Во петок (28 април 2017), во 19.00 часот, во новиот Дом на култура во Македонска Каменица ќе се оддржи концерт на класична музика во изведба на „Пламенка Трајковска гудачки квартет“. Дел од овој квартет покрај Пламенка Трајковска се и Наташа Диденко, Љубица Бошкова и Ени Вучидолова. На концертот ќе бидат изведени врвни музички дела, а целта на овој настан е да се промовира и доближи класичната музика пред локалната публика.

Инаку, новиот Дом на култура во Македонска Каменица ќе биде отворен во петок, во 13.00 часот, а дел од дневната програма се дечињата од „Јас имам талент“, КУД „Вера Јоциќ“ и локалните бендови Риплеј и Литиум.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *