КОМПЛЕТНО КУЌИЧЕ ЗА 6 ЧАСА И ПОМАЛКУ ОД 28.000 ЕВРА

„Инспириран“ од астрономските цени на пазарот за недвижнини, Италијанецот Ренато Видал дизајнирал брилијантна алтернатива. M.A.D.I. е куќа „на одвиткување“ што кошта само 33.000 долари (~27.850 евра), а тројца луѓе можат да ја состават на било која рамна локација за околу 6 часа.

Плус, куќата е сеизмички тестирана и безбедна, а направена од материјали со висок квалитет. Доаѓа во разни големини; таа од $33.000 е 27м², па до 84м² по цена од 73.000 долари (~61.625 евра).

Сите основни модели вклучуваат и бања со основните санитарни елементи, кујнска инсталација, едноделни скали и техничка инсталација.

Може да биде и поставена на бетонска основа, а може да биде комплетно „вон мрежата“ – адаптирана е за соларни панели, сопствен извор и системи за вода, LED осветлување и слично.

Вака изгледа во фабрика:

А вака завршена:

За повеќе инфо ѕирнете на: madihome.com.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *